Полската тенисерка Ига Швјонтек и натаму е прва на ВТА ранг листата. Иако не мина како што посакуваше на Мастерсот во Мајами, таа и натаму ги предводи најдобрите тенисерки.

Зад неа остануваат Белорусинката, Арина Сабаленка и Американката Коко Гоф.

По водечкото трио следуваат:Елена Рибакина од Казахстан, Американката, Џесика Пегула и Онс Џабер од Тунис.

Грчката тенисерка Марија Сакари напредуваше за две позиции и сега е седма, додека првите десет ги комплетираат: Синвен Жен од Кина, Маркета Вондроусова од Полска и Летонката, Јелена Остапнеко.

Победничката на турнирот во Мајами, Американката, Даниел Колинс направи скок од 21-на позиција и сега е 22-та тенисерка во светот.