Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања. Но, на ТАП листата ништо ново во ТОП-10.

Лидер веќе 414-та недела по ред е Новак Ѓоковиќ. Сега тој ја зголеми разликата во однос на Шпанецот, Карлос Алкараз на 1.050 поени. Зад нив следуваат, Јаник Синер, Данил Медведве, Андреј Рубљов….

А, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, бележи нов пад сега за една позиција. Калин е рангиран на 361-то место со 137 поени.

Од останатите македонски тенисери. Горазд Србљак има скок од три места и е рангиран на 1068-то додека Обрад Марковски е на 1612.то место и има пад за две позиции.

Во конкуренција на двојки мал напредок на листата имаат Ивановски, Берг Бугариќ и Марковски, додека единствено Елдин Хусеиновиќ има пад.

Ивановски е на 667.то место (скок за пет позиции), Бугариќ се наоѓа на 1364.то место (скок две места) со 16 поени, а Марковски е на 1874.то место (скок едно место) со 5 поени.

Хусеиновиќ има пад за две места – 2163.то место со три поени.