Најдобро рангираната македонска тенисерка на најновата ранг листа нема промена во рангот, а има и ист број поени како и претходната недела.

Таа се наоѓа на 235-то место на ВТА ранг-листата со 319 поени. Магдалена Стоилковска има скок за едно место 1211-то место со 9 поени од 9 турнири.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа исто така нема промена во рангот и се наоѓа на 373-то место со 226 поени.

Што се однесува до самиот врв на ВТА листата, таму нема промени меѓу шесте најдобри.

На водечка позиција и оваа недела е Ига Швјонтек од Полска, пред Белорусинката, Арина Сабаленка. Зад нив се, Американката Коко Гоф, четврта е Елена Рибакина од Казахстан, а на петтата е уште една Американка, Џесика Пегула и Тунижанката, Онс Џабер од Тунис.

Минатата недела Чинвенг Женг од Кина беше седма, но тоа место и припаѓа на Маркета Вондроушова од Чешка.

Гркинката, Марија Сакари напредуваше за две места и е на деветтата позиција, додека Јелена Остапенко падна на десеттото.

Од ТОП 10 испадна Каролина Мухова од Чешка,