По овој пораз Милан остана на третото место на табелата, но сега има 11 бодови помалку од лидерот Интер, а два од Јувентус.

Понеделнички вообичаено е објавуваат најновите тениски рангирања.

Новак Ѓоковиќ ја почна 413-та седмица на врвот на АТП листата. Сега Србинот има 750 повеќе од второпласираниот Карлос Алкараз.

Победникот на Австралија опен, Јаник Синер со триумфот на турнирот во Ротердам сега е трет и за едно место го потисна Русинот, Данил Медведев.

Ново лице во ТОП 10 е Австралиецот Алекс де Минур, кој од 11. место скокна на деветтото место.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски бележи пад за петнаесет позиции, па неделава Калин е на 360-тото место.