Бранителите на шампионскиот трофеј на Австралија Опен, Арина Сабаленка и Новак Ѓоковиќ со победи го почнаа новото здание.

Белорусинката, Сабаленка во 1.коло во Мелбурн лесно и експресно за само 55 минути ја доби Германката, Ела Зајдел. Сабаленка на противника и препушта само еден гем, а мечот го доби со 6:0 и 6:1.

Затоа пак Ѓоковиќ малку се помачи во дуелот со хрватскиот тинејџер Дино Прижмиќ. На шампионат му требаа дури 4 часа да го победи 18 годишниот Хрват.

Ѓоковиќ го доби мечот со 3-1, по сетови беше 6:2, 6:7, 6:3 и 6:4. Во следното коло Србинот за противник ќе има австралиски тенисер и тоа подобриот од мечот меѓу Попирин и Полманс.