Одбојкарите на УГД Штип претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај Орион Старс во квалификациите за Лигата на шампионите. Во дебито на елитното натпреварување макеоднскиот шампион загуби со 0-3 во сетови.

Холандскиот првак доминираше на теренот и лесно се справи со нашиот претставник во овој четвртфинален дуел.

Домаќинот фуриозно го отвори натпреварот и по водството од 17:12 направи клучна серија за освојување на првиот сет со 25:13. Во вториот дел штипјани пружија силен отпор до 4:4, но потоа следеше одлучувачка серија од 6:1 за домаќинот. Орион Старс го доби тој сет со 25:19.

Тука стана јасно дека моќниот противник е преголем залак за македонскиот шампион на ова тешко гостување. Видлива беше разлика во квалитет, па третиот сет беше само формалност. Холандскиот состав рутински го одработи во своја корист со 25:17 .

Стојан Илиев и Махди Задмард со по девет, односно Александар Љафтов со 8 поени беа најрасположени во нападот на штипјани.

Реваншот во Штип е на закажан за 28 октомври од 18 часот. Доколку штипјани не направат сензација (што е реално), тие сепак ќе продолжат на европската сцена. Поразениот тим ќе игра во квалификациската рунда во  ЦЕВ купот.