Екипата на Каљари со пресврт славеше победа над Болоња со 2-1 во дуел од 20.коло на Серија А.

Иако гостите од Болоња имаа предност од 24-тата минута со голот на Орсолини сепак домаќините направија комплетен пресврт.

За израмнување се погрижи Петања по само седум минути игра.

До триумфот Каљари стигна среќно, откако Рикардо Калафиори во 69,минута си постигна автогол.

Така Болоња остана без бодови, а со тоа и шанса да избијат на четвртото место на табелата. Болоња остана шесто рангирана (засега), а Каљари од 18-тото се проби на 16-тото место.