Екипите на Аресими и Брегалница одиграа ефикасен натпревар, во кој беа постигнати седум голови, во претпоследниот меч од 11.коло во Првата лига. Дуелот во Гостивар во кој имаше и пресврт, а заврши со победа на гостите од Штип со 3-4.

Домаќините поведоа први со голот на Каба во 22.минута. Сепак нивната нови радоста на навивачите на Аресими не траеше долго. Само осум минути подоцна (30) штипјани израмнија, а стрелец на голот беше Максимов. Веќе во 40.минута Брегалница направи и пресврт. За водство на Штипјани од 1-2 се погрижи Глигоров.

Во вториот беше уште по ефикасно, а беа постигнати четири голови.

Штипјани ја удвоија предноста во 52.минута кога Виктор Велковски ја казни нерешителноста на домашната одбрана и зголеми на 1-3. Домашниот состав се врати во игра преку Гони во 59-тата минута за намалување на резултатот на 2-3. Рамадани во 64.минута успеа да го измами гостинскиот голман и да израмни на 3-3.

И кога сите го очекуваа крајот, а се играше последната од трите дополнителни минути, Канаѓанецот, Натаниел постигна гол за победа на Брегалница со 3-4.

Од ова коло, останува да се одигра уште натпреварот во Кавадарци, каде Тиквеш ја пречекува екипата на Башкими.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање