265-тото „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид одиграно на „Камп Ноу“ донесе „атомски“ фудбал. На победа со 1-2 се радуваа гостите од Мадрид, кои до триумфот стигнаа благодарение на двата гола на Килјан Мбапе. 

Првиот дел мина во динамична игра во која двата тима создадоа по неколку шанси. Сепак до погодок се чекаше се до самиот финиш (41.минута). Францускиот напаѓач Килијан Мбапе со исклучително необичен погодок го отвори резултатот. Домашната одбрана направи неочекувана грешка при една навидум безопасна ситуација. Дефанзивецот Мартин се обиде да расчисти еден центаршут на Диоманде, но топката несреќно го погоди Мбапе. Напаѓачот на Реал Мадрид беше во полн трк и го изненади голманот на каталонскиот гигант.

Набрзо потоа (44.минута), Ламин Јамал беше во идеална ситуација, од само 4-5 метри биеше крај голот на Лунин.

Второто полувреме, Барса тргна со сите сили да ја анулира негативата. Одбраната на Реал успешно ги одбиваше сите налети, а се обидуваше преку контри да го загрози противнилкиот гол.

Сепак, одбраната на „Кралевите“ капитулира во 61.минута. По одличното проигрување на Педри, Рафиња со елегантен и одмерен удар ја затресе мрежата на Лунин за израмнување на 1-1.

Гостите успеаја повторно да дојдат во водство во самиот финиш од дербито. Неколкуте направени измени, Жозе Мурињо ја погоди вистинската. Во 88.минута нововлезениот Камавинга проби по десната страна и одлично уфрли во шеснаесетникот на Барселона, каде осамен беше Мбапе кој погоди за 1-2.

Со тоа реал ја прекина победничката низа од 9 натпревари на Барселона на стартот на сезоната, не дозволи да го урне рекордот на „Кралевите“. 

Барселона останува лидер на табелата но сега само со два бода повеќе во однос на Атлетико Мадрид, а три повеќе од Реал.