Македонските одбојкарски претставници со порази го започнаа настапот во 1.коло од женскиот ЦЕВ Челенџ куп.

Шампионот Работнички Скопје загуби на гостински терен од грчки Заон Кифисија со 0:3 во сетови. Во натпреварот одигран во Атина, нашите одбојкарки најголем отпор пружија во вториот сет. Кари Трифуновска со осум и Тамара Атанасова со седум поени беа најефикасни во нашиот табор. Реваншот се игра на 3 ноември од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Вториот македонски претставник Јанта волеј претрпе пораз од 0:3 од прашка Ви Клуб во Куманово. Дестини со осум и Сидни Мур со пет поени беа најдобри во домашниот состав. Вториот натпревар против тимот од Чешка ќе се одигра на 4 ноември во Прага.