Ракометарите на Алкалоид триумфираа на гостувањето кај Бутел Скопје со 24:29 во натпревар од осмото коло на македонската Суперлига. Избраниците на Кире Лазаров ја оправдаа фаворитската улога и запишаа нови важни бодови во домашниот ракометен шампионат.

Гостите од Автокоманда уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и брзо стигнаа до предност од 4:8. Оваа рана позитива им овозможи мирен тек на натпреварот и сигурно водство од 12:15 на полувремето. Во вториот дел домашниот тим се обиде да фати приклучок и да ја стопи негативата. Сепак, ракометарите на Алкалоид не дозволија изненадување и рутински ја одржуваа предноста во своја корист. На десет минути пред крајот позитивата изнесуваше шест гола разлика, со што прашањето околу победникот беше решено.

Најефикасен кај победниците беше Урош Борзаш со пет гола, а Дамјан Митев додаде четири погодоци. Кај Бутел Скопје се истакнаа Лука Јовиќ и Марко Каевски со по пет постигнати гола.

Со овој триумф Алкалоид останува на третото место, додека Бутел, сеуште без победа, е на последната дванаесетта позиција на табелата.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б