Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со скок од една позиција ја почнува новата 2024 година.

Таа се наоѓа на 212.то место со 364 поени. За Ѓорческа претстои нов предизвик на стартот од следната недела, настап во квалификациите на Австралија Опен.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за четири позиции. Сега се наоѓа на 368.то место со 226 поени (7 турнири).

Од македонските тенисерки Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.211.то место со 9 поени (9 турнири) и има пад од три места на ВТА листата.