Битолски Пелистер новата 2024-та ја започнува со ново засилување.

Пелистерци информираа дека од денес нов играч на клубот е искусниот крилен фудбалер Вилдан Керим.

Во својата кариера Керим настапуваше во повеќе клубови, покрај Детонит, беше дел и од Гостивар, Вардар, Скопје, Борец, косовските Дукаѓини и Дреница, а имаше настапи и во Турција.

Пелистер вториот дел од второлигашката сезона, сезоната ќе води тешка битка за местата што водат во Првата лига.