Новата 2024-та година носи големи спортски возбудувања.

На меѓународен план секако најголем настан ќе биде летната Олимпијада во Париз. Од 26 јули до 11 август француската престолнина ќе биде центарот на светските спортски возбудувања.

Како увертира, два дена пред отворањето на Олимпијадата ќе се одигра финалето на Европското фудбалска првенство. Германија од 14 јуни до 14 јули е домаќин на фудбалските селекции од „Стариот“ континент.

Почетокот на летото ќе биде резервиран за фудбалот. Пред Европското првенство ќе се игра и Копа Америка во периодот од 20 јуни до 14 јули.

Фудбалските возбудувања ќе започнат зимава во Брегот на Слоновата коска. Имено од 13 јануари до 11 февруари таму ќе се играат натпреварите на Африканскиот куп на нации.

Сепак. Првиот голем меѓународен настан за македонската јавност е најзначаен. Германија од 10 до 28 јануари ќе биде домаќин на Европското првенство за ракометари. И овојпат Македонија ќе биде дел од големиот европски собир.

Ракометот одамна е спорт број 1 во нашата земја. Па така и кон крајот на годината ќе очекуваме настап на женската репрезентација. Македонските ракометарки се на добар пат да освојат едно од двете места што водат на Европскиот шампионат.

И трета наша ракометна селекција ќе биде дел од европскиот собир. Станува збор за машката младинска до 20 години која во Словенија ќе настапи на Европското првенство.

Во квалификациите за ЕП ќе се борат и јуниорите и тоа веќе од петок (5 јануари). Натпреварите ќе ги играат во салата Автокоманда во Скопје.

Јануари нема да мине само во знакот на ракометот. Имено во првиот месец од годината и две млади одбојкарски селекции на Македонија ќе имаат настап во квалификациите за ЕП.

Кога сме кај одбојката. Оние кои не радуваа минатиот септември, ќе имаат нови предизвици. Македонските одбојкари во втората половина на мај месец ги очекува нов настап во Европската Златна лига.

Фудбалерите пак го чекаат 8 февруари за кога е закажана ждрепката за Лигата на нациите. Во новото издание Македонија ќе игра во „Ц“ конкуренцијата и тоа почнувајќи од септември месец.

Младата селекција пак до 19 години во јуни месец ја очекува настап во квалификациите за Еврипскиот шампионат.

Континентални квалификациски натпревари ќе играат и кошаркарските репрезентации. Женската сениорска продолжува каде што застана, а машката во март ќе го почне новиот циклус.

Од младинската кошарка. Единствено машката до 20 години ќе се натпреварува во „А“ дивизијата на ЕП, а останатите во второлигашката конкуренција.

Тоа е што се однесува до големите и репрезентативни настапи на Македонија. Секако во 2024-тата очекуваме и големи возбудувања во домашните првенства, како и во индивидуалните спортови.

Ова се само дел од спортските возбудувања кои ги нуди 2024-та година.

За сите нив навремено може да се информирате во нашиот календар на настани (овде).

Monthly Weekly Daily List Grid Tile
април 2024
мај 2024
No event found!
Load More