Нема да згрешиме ако кажеме дека спортот во 2023-та во Македонија го одбележа одбојката.

Македонија за прв пат беше домаќин на еден од најголемите одбојкарски настани, Европскиот шампионат во машка сениорска конкуренција.

Скопје угости врвни одбојкарски селекции кои се во самиот крем на овој спорт со децении. Меѓу нив беше и новиот европски шампон Полска.

Враќањето на Јошко Миленковски на кормилото на репрезентацијата беше најмудриот потег на федерацијата деценија наназад. Професорот знаеше како од своите „студенти“ да го извлече максимумот.

Генерацијата предводена од Никола Ѓорѓиев, бедрена од бројната публика во „Борис Трајковски“, знаеше како да го искористи тоа. Македонија се најде во ТОП-16 во Европа. За жал црвено-жолтите не можеа подалеку. „Налетаа“ на тогашниот шампион и домаќин Италија во осминафиналето.

СЕ ЗА НАСТАПОТ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП

Увертирата за Европското беше деби настапот во Златната Европска лига. Но, свој настап по долги години на европската сцена имаа и одбојкарките.

Нашите сениорки дебитираа во Сребрената Европска лига. Иако ги загубија сите натпревари, сепак искуството кое го стекнаа е непроценливо.

Репрезентанти настапи имаа и младите одбојкарски селекции до 17 години кои играа на Балканските шампионати во двете конкуренции.

А, токму тие ќе ја отворат одбојкарската 2024-та со настапите во квалификациите за Европските шампионати. Девојките ќе играат во Софија, на момчињата пред публиката во Струмица.

Во екипна конкуренција. Во двете конкуренции доминација на екипите на Работнички и Струмица.

Кај дамите, одбојкарките на Работнички Скопје се закитија со двојната круна, а кај мажите тоа го сторија одбојкарите на Струмица.

Сепак и двете екипи не се прославија на европската сцена. Струмичани, откако ги загубија сите натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите, беа елиминирани и од ЦЕВ Купот. И одбојкарките на Работнички одиграа само два натпревари во ЦЕВ Челенџ купот.