Освојувачот на Купот на Макеоднија, екипата на Штип УГД утре ја чека настап на европската сцена.
Штипјани годината ќе ја започнуваме со реванш дуелот против италијанскиот тим Милано во 1/16-финалето на ЦЕВ Челинџ купот. На Бадник во арената „Центро Павеси” Штип УГД ќе се обиде да ми парира на фаворитот од Италија.
Првиот меч што се играше во Радовиш, италијанската екипа го доби лесно и убедливо во три сета. Јасно е дека ова ќе биде последниот меч за штипјани во нивата дебитантска сезона.
Задачата да се прикажат во добро светло нема да биде ни малку лесна, а дополнително ќе биде и отежната. Причината за тоа е Кристијан Ристески. Имено тренерот на штипјани не отпатува со екипата поради здравствени причини.
Утрешниот меч меѓу Милано и Штип УГД ќе почне во терминот од 17:30 часот.
































