Фудбалот секако е спорт број 1 во светот, па така и кај нас. Годината што изминува во мак-фудбалот донесе многу радост, но и разочарувања.

Навраќајќи се на она што ја одбележа 2023-та секако во преден план се двата натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија. Во квалификациите за ЕУРО 2024-та, македонските фудбалери одиграа два одлични натпревари со финалистите од последното ЕП.

Преполната арената „Тодор Проевски“ (видео) беа дополнителен мотив за црвено-жолтите да потврдат дека оваа генерација има капацитет да се носи и со најдобрите.

Поразот од Украина со преврт и дебаклот од Англија на „Олд Трафорд“ беа надминати со нерешените резултати со Италија и Англија во Скопје.

Актуелниот европски шампион Италија и вицепрвакот Англија не се прославија во Скопје, напротив. Барди, Елмас, Димитриевски, Алиовски и останатите покажаа дека можат кога е најпотребно. Сепак тоа не беше доволно до крај да останеме конкурентни со ривалите кои претстојното лето ќе играат на ЕП.

На клупски план, годината мина во знакот на Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров.

Стружани за прв пат во својата историја го освоија шампионскиот трофеј. Тие беа и најуспешниот македонски претставник на европската сцена. Само еден чекор ги делеше од пласман во фазата по групи во Конференциската лига.

Македонија Ѓорче Петров пак, токму против стружани во финалето, го одбрани трофејот во националниот куп. Сепак „лавовите“ не се прославија на европската сцена и уште по првата рунда го завршија својот настап.