Македонскиот вице-првак и освојувач на Купот, тимот на Штип УГД ја заврврши дебитантската сезона на европската сцена.
Со една победи и три порази, штипјани се збогуваа од натпреварите во ЦЕВ Челенџ купот.
Вечерва на гостувањето во Италија кај тимот на Милано, екипата на Штип УГД е поразена во три сета, во реванш дуелот од 1/16-финалето.
Јасно беше и пред овој меч дека италијанскиот состав е апсолутен фаворит. Откако Милано го доби првиот дуел во Радовиш со 0-3, вечерва пред својата публика славеше со ист резултат. По сетови македонскиот тим освои 18 во првиот, 19 во вториот и 17 поени во третиот сет.
Со елиминацијата на штипјани, Македонија повеќе нема свои претставници на европската одбојкарска сцена.





































