Последниот македонски претставник на европската одбојкарска сцена вице-шампионот Штип УГД денеска ќе игра нов натпревар во ЦЕВ Челенџ купот.

Штипјани гостуваат во Италија, каде ќе го игра реваншот со Алијанц Милано, во рамките од 1/16 финалето

Штип УГД на првиот меч во Радовиш пред неполн месец загуби во три сета од фаворизираниот италијански противник. Повеќе од јасно е дека и на денешниот меч Штип УГД е аутсајдер. На ова гостување штипјани отпатуваа без тренерот Кристијан Ристески, кој поради здравствени причини нема да биде на клупата.

„Испишавме клупска историја со пласманот во 1/16 финалето од Челинџ купот.

Јасно е дека Милано е фаворит, тоа го потврди и на првиот меч, а во реваншот нашиот тим ќе се потруди да понуди што е можно поквалитетен отпор и да одиграме најдобро што можеме.

Не сме оптоварени резултатски“, потенцира Ристески.

Во своето деби на европската сцена, штипскиот состав до главната фаза од Челинџ купот стигна откако преку „златен сет“ го елиминираше норвешки Кол Ил.

Денешниот натпревар Милано – Штип УГД ќе почне во терминот од 17.30 часот.

Следете нé на социјалните мрежи