Иако го совладаа Вардар, но недоволно според очекувањата, од редовите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со очекувано решение. 

Тандемот Јовиќ-Шундовски го напушта битолскиот клуб, а привремено решение ќе биде Бранислав Ангеловски.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека досегашниот тим менаџер на екипата г-дин Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб.

Управата на клубот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата и г-дин Александар Јовиќ.

Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води г-дин Бранко Ангелковски.

Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и г-дин Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот. Под водство на Јовиќ и Шундовски нашиот клуб ја освои титулата во сезоната 2022/23“.

Ангеловски веќе утре ќе го предводи Пелистер во шестиот дуел од Лигата на шампиони.

Во Битола, гостува полската екипа  Киелце.

Изминатите пет зелено-белите ги загубија, а ќе се израдуваат ли на првите бодови останува да видиме.