На терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје денеска на програмата се 16 мечеви од второто коло од квалификациите на фјучрс турнирот Скопје што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тројца македонски тенисери ќе се појават во оваа фаза и сите своите мечеви ќе ги играат на теренот број 5. Стефан Мицов (2 носител во квалификации) ќе игра 19-годишниот Лазар Даниќ од Србија и нивниот меч нема да почне пред 11:30 часот.

Веднаш потоа следува мечот на Марио Тодоровски против 26-годишниот Стефанос Скинас од Грција (4.носител, 545.место на АТП листата). Овој меч нема да почне пред 13 часот, додека потоа ќе следува мечот на Андреј Тасевски против 20-годишниот Британец Лука Петровиќ (1810 место на АТП).

Централен терен:
Ерик Владимиров (Бугарија) – Христос Кеисидис (14, Грција)
Мал Агуши (Косово) – Диминик Граф (9,Германија)
Алекса Смиљаниќ (Србија) – Христос Антонопулос (10, Грција)
Павел Гула (Словачка) – Рихард Антони (Германија)

Терен бр.5:
Матео Берта (8, Аргентина) – Тимур Биелдиугин (Украина)
Стефан Мицов (2, Македонија) – Лазар Даниќ (Србија)
Стефанос Скинас (4,Грција) – Марио Тодоровски (Македонија)
Андреј Тасевски (Македонија) – Лука Петровиќ (15, Велика Британија)

Терен бр.6:
Филип Кроло (Германија) – Вељко Крстиќ (11, Србија)
Кристијан Фелин (6, Италија) – Бојан Радоман (Србија)
Давуд Амиров (5, Русија) – Огњен Павловиќ (Србија)
Лука Нури (Аргентина) – Вивек Колуру (13, Индија)

Терен бр.8:
Ален Бил (7, Хрватска) – Јоханес Прамер (Австрија)
Вања Петров (Србија) – Нини Габриел Дица (16, Романија)
Умберто Мариа Џиованини (ИТалија) – Ханс Алберт Шуберт (12, Австрија)
Лазар Војновиќ (1, Србија) – Идс Ватерболк (Холандија)
Почетокот на мечевите на сите терени е во 10 часот.

Во попладневите часови ќе бидат одредени и „костурите“ за главниот турнир и турнирот во конкуренција на двојки, каде бројот на македонски тенисери е голем.