Изминатиов викенд во Олимпискиот базен во Скопје се Летното Национално првенство во пливање на Македонија во сениорска (апсолутна) и младинска (пливачи родени 2005-та и помлади) конкуренција.

На првенството на кое настапија вкупно 218 пливачи од 16 клуба беа поставени и три национални рекорди.  Два од нив беа во штафетните трки.

Штафетата на ПК Скопје од Скопје во состав Бошнаков, Стојановски, Караскаковски и Ѓузиќ кои испливаа нов апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 4×200м слободно со време 8:18.50 минути.

И пливачите на клубот Орион од Скопје во состав Павлевска, Блажевска Еминова, Китановиќ и Карајованова, поставија нов младински и апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 4×100м мешано, со време 4:49.02.

Никола Ѓуретановиќ од ПК Вардар 2018 од Скопје, постави нов рекорд во кадетска конкуренција во дисциплината 200.м слободно. пливајќи во време 1:57.15.минута.

ПК Орион од Скопје е најуспешниот на овој шампионат земајќи ги во предвид најголемиот број на освоени златни медали во двете конкуренции (33 златни, 12 сребрени и 14 бронзени), а со вкупно освоени 59 медали. По него следуваат ПК Вардар чии пливачи освоија вкупно 48 медали од кои 19 златни, 12 сребрени и 17 бронзени), додека ПК Скопје кој собра најмногу медали, вкупно 82 (18, 41, 23) е трето рангиран.

Во отсуство на детална информација од Пливачката федерација, за индивидуалните достигнувања само кратката информација од федерацијата (објавена само на Фејсбук профилот), дека Миа Блажевска Еминова од ПВК Орион и Никола Ѓуретановиќ ПК Вардар 2018, се најуспешните во двете конкуренции (апсолутна и младинска).