Со денешните осум натпревари продолжуваат квалификациите за Европското првенство 2024 што ќе се игра во Германија. Од натпреварите кои се играат попладнево секако најинтересен треба да биде дуелот меѓу Холандија, селекција која е во подем и Хрватска, која под водство на новиот селектор Горан Перковац, ќе се обиде да се врати на патеките кога беше во самиот врв на европскиот ракомет.

Денеска се игра и дуелот Луксембург – Турција од група 1 каде е Македонија, која утре ќе игра против Португалија.

Распоред на денешните дуели од 3.коло:

Грузија – Литванија (почеток 15 часот)

Полска – Франција (18 часот)

Луксембург – Турција (19 часот)

Холандија – Хрватска (19:30 часот)

Фарски острови – Романија (20 часот)

Белгија – Грција (20:10 часот)

Чешка – Исланд (20:15 часот)

Косово – Босна и Херцеговина (20:15 часот)

Утре на програмата се другите осум дуели:

Италија – Летонија (16 часот)

Црна Гора – Словенија (18 часот)

Естонија – Израел (18 часот)

Финска – Словачка (18 часот)

Србија – Норвешка (18 часот)

Македонија – Португалија (19 часот)

Швајцарија – Унгарија (19 часот)

Украина – Австрија (19 часот)