Во пресрет на денешните натпревари во Втората фудбалска лига, струмичката Беласица на својот официјален Фејсбук профил информира дека пред мечот со Пехчево во Скопје, биле физички нападнати тренерите на струмичани. 

Во информацијата се вели:

САКНДАЛ ВО ВТОРА МФЛ: ФУДБАЛ ИЛИ КИК БОКС ТУРНИР?
Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!
Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!