Македонскиот тенисер Калин Ивановски со нов убедлив старт го почна третиот во низа фјучрс турнир во Монастир, Тунис. Тој на новиот турнир е рангиран како втор носител и во мечот од првото коло го совлада Рафаел Шаер од Швајцарија (настапи со вајлд карта) со 2-0 во сетови (6:0 и 6:1). Мечот траеше 46 минути.

Противникот на Ивановски единствениот гем го освои на почетокот на вториот сет кога изедначи на 1:1. Ивановски освои 51 поен во мечот наспроти Шаер кој имаше 20.

Противник во второто коло ќе му биде победникот од мечот меѓу Андреа Пиционе (Италија) и Марк Рос Месас (Шпанија).