Ѓорческа остана без титула во Талин.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои првиот турнир во 2023 година.

Таа во финалето на турнирот Талин, Естонија, што се играше за награден фонд 40.000 долари, во вториот сет го предаде мечот на Јанина Викмаер од Белгија.

Ѓорческа имаше проблеми од стартот на мечот и противничката поведе со 5:0, сетот заврши со 6:1 за Викмаер.

Вториот сет по само два одиграни гема кои го доби белгиската тенисерка и при резултат 2:0 Ѓорческа го предаде мечот.

Нашата тенисерка е пријавена за уште еден фјучрс во Талин кој почнува од утре.