Еурофарм Пелистер денеска игра клучен натпревар во Лигата на шампионите. Македонскиот првак гостува кај силниот дански тим ГОГ Гудме.

Победа е императив за продолжување на надежите за осминафинале.

Пелистерци имаат четири бода и се седми во групата. ГОГ Гудме е шести со осум освоени бода како и петто пласираниот ПСЖ. До крајот на групната фаза битолчани имаат уште три натпревари. За пласман во следната фаза потребни се три победи.

Денешниот дуел е првиот и најважен чекор кон таа цел. Во меѓусебната традиција одиграни се пет натпревари меѓу двата клуба. Данскиот претставник има три победи, последната во септември месец во Битола, а Пелистерци две.

вој натпревар може да ја одреди судбината на македонскиот шампион. Дуелот ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер ќе почне од 18.45 часот.

Следете нé на социјалните мрежи