Македонскиот ракометен пределот Вардар вечерва против Висла Плоцк ќе го игра третиот натпревар во Лигата на шампионите. 

Вардарци лошо го стартуваа ова натпреварување и воведните две кола претрпеа порази од Мелсунген и Нант.

Затоа избраниците на Иван Чупиќ вечерва против Висла ќе мора по секоја цена да победат. Само така црвено-црните, ќе останат во игра за едно од двете места што водат во следната фаза. 

Јасно им е на избраниците на Чупиќ, дека задачата нема да биде ни малку лесна. Затоа поддршка од публиката ќе им биде повеќе од неопходна.

„Нè очекува тежок натпревар против тежок противник, со квалитетни играчи. 

Се надевам ќе играме пред полна сала пред нашите навивачи, за да освоиме први бодови во ЛШ“, изјави капитенот Васил Гогов.

Натпреварот меѓу Вардар и Висла Плоцк што ќе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне во терминот од 20:45 часот.