Македонскиот првак Вардар и по четвртиот натпревар во Лигата на шампионите, не знае за победа, ниту бод.

Во натпревар од 4.коло на на „Б“ групата, вардарци вечерва загубија на гостувањето кај поlската екипа Висла Плоцк со 33-32.

Лошо одиграните воведни петнаесетина минути го чинија пораст македонскиот првак. Вардарци имаа и осум голови негатива во првиот дел (14: 6), времето заминаа со минус 3 (16:13).

Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ ја бркаа негативата. Се движеше меѓу 2-4 голови. Со два врзани погодоци на крајот само успеаја да го ублажат поразот на 33:32.

Ако е за утеха, Јака Малус со 9 и Вукажин Воркапиќ со 8 голови беа најефикасни во вардаровата екипа и на натпреварот.

По овој пораз Вардар остана последен на табелата без бодови, а со тоа и теоретски ги загуби шансите за пласман на двете позиции што водат во следната фаза на Лигата на шампионите.

Претпоследниот од преостанатите два натпревари, Вардар ќе го игра 21 октомври во Скопје против Мелсунген. Во последното коло црвено-црните од Лигата на шампионите ќе се простат во Франција на гостувањето кај Нант (28 октомври).