Со седум натпревари денеска стартува новата сезона во ракометната Лига на шампиони.

По петгодишна пауза, Вардар повторно ќе игра во елитното натпреварување. Црвено-црните ќе полнат утре (четврток) со гостување кај германскиот Мелсунген.

Вардар и Мелсунген добро се познаваат од минатата сезона, кога одиграа два меѓусебни натпревари во Европската лига. Сега следува нова пресметка, во различни околности и на повисоко натпреварувачко ниво.

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, очекува сосема поинаков натпревар и нагласува дека германскиот тим ќе треба да ја потврди фаворитската улога на теренот.

„Нормално е дека сега ќе биде различно. Ова е сосема друго натпреварување и друг дел од сезоната. Кога игравме против нив минатата сезона, тие веќе имаа доволно бодови, а во тој период имаа и многу повредени ракометари.

Сега се комплетни, а станува збор и за отворање на Лигата на шампионите. Затоа очекувам сосема поинаков натпревар.

Ние во моментов сме во малку незгодна ситуација. Не се сите ракометари здрави и имаме одредени проблеми. Тешко дека на почетокот ќе можеме да настапиме со поширок состав.

Секако дека би бил задоволен со победа. Со што друго би можел да бидам задоволен?

Нормално е Мелсунген да ја има фаворитската улога, но тие ќе треба да го покажат тоа на теренот. Ние, пак, треба да покажеме дека сме подготвени за Лигата на шампионите и за еден сериозен натпревар“, изјави Чупиќ.

Ова е натпреварот од Б групата во кој во 1.коло денеска ќе играта францускиот Нант и Висла Плоцк.

Утрешниот дуел меѓу Мелсунген и Вардар ќе се игра во терминот од 20.,45 часот.  

Следете нé на социјалните мрежи