Ракометарите на Вардар претрпеа пораз од 26:32 на домашен терен против полска Висла Плоцк. Овој возбудлив натпревар од елитната ракометна Лига на шампиони понуди голема борба во текот на сите шеесет минути.
Гостите од Полска наметнаа силно темпо уште од самиот почеток. Висла во 12-тата минута имаше и најголеми +5, кои вардарци во продолжението постојано ги „бркаа“. На полувремето се заминаа со предност од 13:15 за гостите од Полска.
Вардарци се обидуваа резултатски да се вратат во игра во второто полувреме, но противникот вешто ја одржуваше стекнатата позитива.
Во таборот на црвено-црните убедливо најдобар во нападот беше Фадуил кои постојано ја пробиваше цврстата противничка одбрана и заврши со 14 голови. Кај победничкиот состав на Висла Плоцк најмногу се истакнаа Косоротов и Фазекаш со прецизни удари од далечина.
Третиот пораз (во исто толку натпревари) за македонскиот првак во продолжението на Лигата на шампионите дополнително ја отежнува примарната цел, пласман во втората рунда. Стручниот штаб ќе мора брзо да ги анализира грешките пред следните важни европски пресметки.
Време за многу корекции вардарци и Чупиќ ќе немаат многу. Веќе на 14 октомври ќе го играат следниот меч против истиот противник (Висла) на гостински терен.



























