Ракометарите на Вардар со пораз ја почна сезоната во елитната Лига на шампони. Вардарци на гостувањето во Германија кај тимот на Мелсунген загубија со 33-31.

Македонскиот првак одлично го отвори натпреварот и преку Воркапиќ и Абделхак диктираше темпо. Имаше предност Вардар сè до шестата минута до резултат 3:4. Потоа следуваше првата резултатска „суша“ за вардарци од цели шест минути без постигнат гол. Тоа домаќините го искористија за да го преземат водството. Во остатокот од првото полувреме се играше со брз ритам, а Вардар одржуваше резултатски приклучок благодарение на погодоците на Љевар. На пауза се замина резултат 16:15 за германскиот тим.

Вториот дел домашниот тим полека ја градеше својата предност преку Менсинг и Криштопанс. Мелсунген ја достигна најголемата предност на мечот од плус пет гола во 52.минута кога Гола погоди за 24:19. Сепак макеоднскиот шампион не се откажа. На голот застана Гогов кој со осум, одбрани му овозможи на Вардар да дојде до гол негатива 25:24. Имаа вардарци шанса за израмнување, но на спротивната страна расположен беше и домашниот голман Синиќ. Мелсунген повторно успеа да се одлепи на три разлика, што се покажа како решавачки момент.

Бадијала останаа 11-те гола на Вукашин Воркапиќ и 10-те на Мохамед Саид Абделхак кој беса најефикасните ракометари на Вардар, а воедно и на натпреварот.

Следен противник на макеоднскиот парав во Лигата на шампионите ќе биде францускиот Нант кој вчера славеше во дуелот со Висла Плоцк. Натпревар Вардар – Нант ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 16 септември  во терминот од 18:45 часот.