Македонскиот ракометен првак Вардар во четврток ќе го игра третиот натпревар во лигата на шампионите.

По двете одигра кола вардарци се уште се немаат израдувано на победа. Првиот успех избраниците на Чупиќ ќе го бараат во дуелот против Висла Влоцк.

Тренерот на црвено-црните Чупиќ, е свесен дека м задачата нема да биде ми малку лесна. Според Хрватот, Висла ја игра најдобрата одбрана во лигата на шампионите.

„Тоа ќе биде голем предизвик за нашиот напад, мора да сме подобри од натпреварите со Охрид, Нант и Мелсунген. Нашиот напад мора да биде како никогаш оваа сезона ако сакаме да освоиме бодови. Сепак, и без добра одбрана бадијала би биле добри во нападот“, изјави Чупиќ.

Добра вест за вардаровиот тренер е што на располагање ќе ги има Лазаревски, Педро и Стојановски. Сепак сеуште во составот ќе недостасува Бомаштар е повреден.

Натпреварот меѓу Вардар и Висла Плоцк што ќе се игра во четврток во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне во терминот од 20:45 часот. Пред мечот ќе биде организира и фан-зона пред салата за вардаровите навивачи.