Со осумте одиграни дуели вечерва беше комплетирано 3.то коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Репрезентацијата на Србија успеа на домашен терен да слави минимална победа над Норвешка со 25:24 и со тоа да им се реваншира за поразот на Светското првенство. За одбележување е и триумфот на Словенија на гостувањето кај Црна Гора со 32:29.
Резултати на денеска одиграните дуели: Италија – Летонија 36:23, Црна Гора – Словенија 29:32, Естонија – Израел 30:28, Финска – Словачка 30:27, Србија – Норвешка 25:24, Македонија – Португалија 23:29, Швајцарија – Унгарија 32:37, Украина – Австрија 31:38.
Табела група 1: Португалија 6 бодови, Македонија 4, Турција 2, Луксембург 0.
Табела група 2: Србија 6, Норвешка 4, Финска 2, Словачка 0.
Табела група 3: Чешка 6, Исланд 4, Естонија 2, Израел 0.
Табела група 4: Австрија 6, Романија 2, Украина 2, Фарски острови 2.
Табела група 5: Хрватска 4, Холандија 4, Грција 4, Белгија 0.
Табела група 6: Унгарија 6, Швајцарија 4, Грузија 2, Литванија 0.
Табела група 7: Словенија 6, Црна Гора 4, Босна и Херцеговина 2, Косово 0.
Табела група 8: Франција 6, Полска 4, Италија 2, Летонија 0.
Натпреварите од квалификациите продолжуваат и дуелите од 4.коло ќе се играат во сабота и во недела (11 и 12.март).