Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во квалификациите за Европското првенство 2025-та.
И во петтиот свој натпревар македонските кошаркарки беа поразени. Овојпат на гостувањето во Белград кај Србија репрезентацијата на Македонија загуби со 105-60.
Од самиот почеток па се до крајот на натпреварот, подмладената селекција на противникот постојано ја контролираше играта и резултатот. Во ниту еден момент домашните кошаркарки не им дадоа шанса на нашите да се понадеваа на изненадување. На крајот Србинките ја впишаа петата победа со 45 поени разлика.
Анџелика Митрашиновиќ со 17 поени беше најефикасната во македонската репрезентација, а еден помалку (16) постигна Александра Стојановска. Двоцифрен број на поени имаше Мерит Хемпре 10.
Репрезентативките се враќаат во Скопје, а потоа веднаш ќе отпатуваат за Рига, Летонија, каде в недела ќе го играат последниот натпревар против Украина.