Кошаркарската репрезентација на Македонија го почнува последната претквалификациски рунда Европското првенство 2029. Во овој круг натпревар (вкупно 4) Македонија брка пласман во главната рунда квалификации.

Противници на нашата селекција се репрезентациите на Австрија и Кипар против кои ќе одиграме по два натпревари (дома и гости). Првиот и единствен натпревар во септемврискиот „прозорец“ македонските кошаркари ќе го играат попладнево во Сиена против Австрија.

Домашната селекција во овој натпревар ќе влезе по поразот пред три дена на гостувањето кај Кипар каде загуби со 72-77. Затоа за Австријците денешниот меч е „да се биде или не“, имајќи во предвид дека пласман во следната фаза директно обезбедува само прво пласираната репрезентација.

Со Ненад Димитријевиќ и новото американско засилување Рајт, црвено-жолтите ја имаат благата улога на фаворит, која ќе треба да ја потврдат на теренот. Сепак селекторот Берокал, на овој натпревар нема да може да смета на Андреј Јакимовски кој не доби дозвола за настап во репрезентацијата од својот клуб.

Победнички старт, дополнително ќе ја врати довербата, не само кај кошаркарите туку и македонската јавност.

Дуелот Австрија – Македонија што ќе почне во 16.05 часот, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇

Следете нé на социјалните мрежи