Младиот стратег Виктор Петровски официјално е именуван за нов селектор на сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија. Оваа одлука претставува почеток на целосно подмладување во македонската женска кошарка.
Најзначајната промена во овој нов циклус е фактот што целата досегашна прва петорка на репрезентацијата повеќе нема да игра за националниот тим. Ова означува крај на една ера, бидејќи од репрезентативниот дрес се збогуваат досегашните главни носителки: Анџелика Митрашиновиќ, Ивана Кметовска и Александра Стојановска, Мерит Хемпе и Илина Селцова.
Со заминувањето на овие кошаркарки, пред новиот предводник стои голем предизвик да изгради нов, конкурентен состав.
Фокусот сега целосно се насочува кон помладите таленти кои ќе добијат шанса да го понесат товарот на претстојните настапи на меѓународната сцена на репрезентацијата.




































