Бранителот на трофејот на првиот Гренд-слем годинава, Австралија опен, Јаник Синер го комплетира списокот на полуфиналисти.
Светскиот рекет број 1, Италијанецот, Синер, во четвртфиналето експресно за час и 50 минути го совлада домашниот тенисер, Австралиецот, Алекс Де Минаур во три сета. Италијанецот, потврди дека ја крева формата во завршницата, па на противникот му препушти само шест гема (6-3, 6-2 и 6-1).
На Синер на патот до ново финале ќе ми застане 20 годишниот Бен Шелтон.
Американецот кој е 20-то рангиран во Мелбурн ја оправда фаворитската улога совладувајќи го Италијанецот, Лоренцо Сонего со 3-1.
Потсетување дека во првиот полуфинален меч ќе играат Србинот, Новак Ѓоковиќ (7-носител) и Александар Зверев (2) од Германија.