Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, во Силамае, Естонија ќе учествува на претквалификациски турнир за ЕП 2025.

На турнирот, покрај нашата футсал селекција, учество ќе земат и репрезентациите на домаќинот Естонија и Гибралтар.

Првиот натпревар од претквалификацискиот турнир го играме против Гибратлар на 23 јануари со почетоко во 18. часот.

Ден подоцна, на програмата е натпреварот со Естонија, домаќинот на овој турнир. Дуелот со Естонија ќе започне во исто во 18. часот.

Победникот на овој турнир ќе се пласира во главната рунда квалификации за ЕП 2025 во Молдавија.

Селекторот Зоран Лекиќ ги повика следните фудбалери.

СПИСОК НА ИГРАЧИ

Кристијан Гавровски
Давид Тоневски
Лука Наумов
Матеј Митровски
Петар Лазовски
Драган Цветковски
Антонио Ѓорѓевски
Ивица Ангелески
Марио Јанев
Никола Стојмировски
Алек Тошевски
Стефан Апостоловски