Бранителот на титулата екипата на Ѓорче Петров го донесе и второто засилување во тимот. Станува збор за уште една Бразилката, Милена де Соуза Менезес.
Таа има 23 години и игра на позицијата пивот. Ова е прво интернационално искуство за младата Бразилка. Таа ќе им се придружи на Дамјановска и Велкова на пикерската позиција. Менезес целата своја кариера настапуваше за тимот на Рецифел.
Претходно Ѓорче го претстави првото засилување Талита Алмеида која игра на позицијата десен бек.
Ѓорчепетровки се неприкосновено во домашното првенство со максимален број на бодови.
Воедно „Лавиците“ ги очекува и двомеч со шпанскиот тим на Елче во четвртфиналето на Европската лига.