Втор ден подготовки на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија.

Црвено-жолтите вчера се собраа во СЦ „Кале“ кад во петок ќе го одиграат натпреварот со Естонија, прв во квалификациите за Европското првенство 2025-та.

Меѓу 14-мината кои се најдоа на потесниот список на селектор Јончевски е и младиот Марин Петков.

„Пресреќен сум и благодарен сум дел од овие 14-мина кошаркари. репрезентативци. Ја респектираме Естонија.

Тие имаат квалитетни играчи од Евролигата. Ако ја прикажеме нашата најдобра игра имаме шанси за позитивен резултат.

Публиката ни е многу важна. Минатото лето на младинското првенство тие беа нашиот шести играч.

Тогаш навивачите имаа голема заслуга освоеното второ место. Се надеваме ќе имаат голема улога и на овој натпревар, за добар старт на квалификациите“,

изјави Петков.

Натпреварот Македонија – Естонија ќе се во петок во СЦ „Кале“ од 19 часот.