Ракометарите на Тиквеш се во Бар каде го одработуваат вториот дел од подготовките за продолжението на сезоната во Супер лигата.
Предводени од новиот тренер Радослав Стојановиќ, кавадарчани во наредниот период ќе се подготвуваат во Црна Гора.
Тие веќе го одработија и првиот тренинг во салата „Тополица“ каде ќе одиграат и четири контролни натпревари.
Според најавите ГРК Тиквеш по два пати ќе спарингува со црногорските екипи Ловќен и Будуќност од Подгорица.
Кавадарчани во плејоф конкуренцијата ги очекува тешка битка за местата кои водат на европската сцена.