На првиот Гренд слем годинава, Австралија опен во четвртфиналето нема да гледаме три од носителките.

18-тата Викторија Азаренка е поразена во четвртата рунда од Дајана Јастремска. Украинката славеше над Азаренка  со 2:0 во сетови и во четвртфиналето ќе игра против Линда Носкова.

Чешката тенисерка пак во осминафиналната рунда ја мина 19-тата носителка Елена Свитолина која по три одиграни гема го предаде мечот поради повреда.

Последниот пар за четвртфиналето го комплетираа  Ана Калинскаја и Кинвен Женг.

Русинката беше подобра од Италијанката, Паолини која ја имаше улогата на 26-то рангирана во Мелбурн.  Кинеската тенисерка Женг со 6-0 и 6-3 ја совлада Французинката, Долин.

Четвртфиналето во женска конкуренција на програмата е утре.

Преостанатите два пара ги сочинуваат шампионката Арина Сабаленка (2)и Барбора Крејчкова од Чешка  (9), односно Американката, Коко Гоф (4) и Марта Костјук од Украина.