Амбициозниот состав на Мурсија, го направи најголемото изненадување во Шпанската кошаркарска лига во ова 18 коло.
Тие на свој паркет го совладаа Реал Мадрид со 73:61 и му го нанесоа само вториот пораз во сезоната во домашното првенство.
Токму овој состав на Мурсија е еден од најизненадувачките екипи оваа сезона и котира на високото 4-то место во АЦБ лигата на Шпанија.
Тимот кој го зема скалпот и на Барселона во 10.коло оваа сезона.
Но сепак денеска Реал Мадрид играше далеку ослабен, но и заморот си го направи своето.
Голем број првотимци не отпатуваа на ова гостување, дали поради замор, повреди и слично.
За потсетување, Реал Мадрид на овој дуел не можеше да смена на Љуљ, Родригез, Таварез, Муса, Поаире. Во составот се врати Дек кој не можеше да го покрие хендикепот на Мадридѓани.
Реал Мадрид се врати од негатива од -15 поени разлика, а во еден момент го имаше и водството. Но во финишот немаа доволни сили за комплетен пресврт и победа.
Енис постигна 18 коша за Мурсија, додека Кампацо со 15 коша беше најдобар кај Реал.