Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје аеродром ќе има настап во четири натпреварувања во новата сезона. Аеродромци покрај обврските на домашната сцена, одбраната на Куп и шампионскиот трофеј, повторно ќе играат во АБА-2 лигата, а годинава и во ФИБА Еврокупот.
Денеска од таборот на сино-белите, излегоа со своите очекувања во претстојните предизвици. Целта е повеќе од јасна, да се одбранат двата трофеи на домашната сцена, и што е можно подобар настап на меѓународната.
„Mислам дека растерот кој го имаме сега може да одговори на предизвиците кои ќе имаме пред нас сезонавa. Ритамот ќе биде многу пеколен, но имаме доволен број на играчи, доволно квалитетни кои ќе можат да одговорат на предизвиците. кои оваа сезона ќе ни ги донесе“, изјави тренерот Васко Атансов.

Тренерот на аеродромци потенцираат дека на секој дуел ќе, во сите натпреварувања екипата ќе оди на победа
„Пак ќе кажам имаме доволен број на играчи. Ќе се обидеме секој натпревар да го победиме, дали е во ФИБА Еврокупот, АБА2-лига или првенството.
Да АБА лига ќе ни биде на некој да кажеме начин приоритет, како и трофеите во домашното првенство. Но ете да сумирам, ќе пробаме да задржиме тоа што веќе го имаме и да го додадеме тоа што уште го немаме“, заврши Атанасов.
Сезоната МЗТ Скопје Аеродром ќе ја почне на гостински терен во Куманово, во сабота, каде против истоимената екипи ќе го игра дуелот во Супер купот.
Потоа ќе следуваат три натпревари на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.
Прв ќе биде дуел од АБА-2 лигата против екипата на Слобода Ужице на 30 септември. Потоа следува нов натпревар со Куманово во 1.коло на Супер лигата, закажан за 3 октомври. Исто така три дена подоцна (6 октомври) во „Јане Сандански“ ќе гостува грчкиот Ираклис во меч од ФИБА Еврокупот.
































