Динамичен натпревар без голови одиграа Евертон и Астон Вила во првиот денешен натпревар од Премиер лигата. Двата тима имаа свои моменти кога имаа иницијатива и можност да дојдат до гол односно победа. Со овој нерешен резултат Евертон му помогна на градскиот ривал Ливерпул (45 бодови) и натаму да биде само на лидерската позиција, додека Астон Вила со 43 бода остана на третата позиција со ист број бодови како и шампионот Манчестер Сити и еден натпревар повеќе.

Инаку, на натпреварот беа постигнати два гола, по еден за двата тима кои беа поништени поради офсајд. Алекс Морено ја погоди мрежата на Евертон во 18.минута и по долго прегледување на во ВАР собата судијата Дејвид Кут го поништи голот. Евертон преку Дакуре постигна гол во финишот на дуелот, но исто поради офсајд беше поништен.

Во терминот од 17:30 часот играат Манчсетер Јунајтед и Тотенхем во дербито на колото.