Женска кошаркарска селекција ги доби противници во квалификациите за Европското првенство 2025 година.
Македонија е дел од групата „Г“ во која се уште првиот фаворит Србија, Украина и Португалија.
Селекторот Александар Ашаданов со свое видување за противниците, како и целта во овие квалификации.
„Би рекол, помалку и очекуван расплет на ждрепката, односно три подобро рангирани екипи да се најдат со нас во групата, значи дека нашата репрезентација се наоѓа во последниот шешир.
Целта останува иста како на претходните квалификации, да се добијат некои натпревари. Веќе на првиот натпревар против Португалија, на гостински терен, ќе ја бараме првата победа.
Се надевам дека во овие квалификации ќе ја немаме турбулентноста во ростерот како низ претходните, односно дека на натпреварите кои се пред нас, ќе настапиме во полн состав.
Фаворитската улога во групата ќе ја има репрезентацијата на Србија за која добро знаеме со каков состав располагаат и нивната константност да опстои на врвот на европската кошарка во изминатиов период“, вели Ашаданов.
Квалификациите Македонија ќе ги започне на 9 ноември во Португалија, а три дена подоцна, ја пречекуваме Србија.