Македонските младинци попладнево ги очекува можеби најважниот натпревар на Европското првенство (Б дивизија) во Скопје.

Црвено-жолтите немаат право на грешка во четвртфиналето со Велика Британија. Само со победа може да ги задржат за пласман во А дивизијата, што е цел.

Противникот е физички поснажен, но ние имаме мотив пред домашната публика вели бекот шутер, Резарт Мемед.

„Нема да биде лесно. Физички се, можам да кажам, посилни од нас. Но, со добра мотивација и со поддршка од публиката одиме на победа. Ние сме домаќини и помотивирани од нив. Имаме добра форма во последните три натпревари. Очекувам да го дадеме максимумот, затоа што во четвртфиналето нема право на грешка“, вели Мемед.

Натпреварот „да се биде или не“, ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18.30 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.