Младинската репрезентација на Македонија денес играше против Исланд за пласман од 13-то до 16-то место на Европското првенство што се одржува во Романија. Македонија беше поразена репрезентацијата на Исланд со 35:29.

Натпреварот стартуваше со серија од 5-1 за репрезентацијата на Исланд. Нашите  младинки успеа да се вратат во игра, па дури и поведат со 8:6 во 12-тата минута. По израмнетиот период на игра Исланѓанките со серија од 3-0 поведоа со 13:10 во 20-тата минута. До крајот на полувреме противничките имаа и пет гола предност (20:15).

И повторно во втората половина на натпреварот голем пад во играта на македонските младинки.

Исланд успешно ја одржуваше и зголемуваше предноста. Исланѓанките во 48-минута имаа и наголеми +9 (33:24). Македонија се обидуваше да ја намали па крајниот резултат беше 35:29.

Анастасија Трпевска беше најефикасна од нашата репрезентација со шест погодоци, додека Јанкуловска и Стефановска имаа постигнато по пет гола.

Утре Македонија ќе се бори да го избегне последното место на шампионатот, а противник ќе биде  победникот од дуелот меѓу Хрватска и Србија.

Ивона Кимовска