Kамерунскиот голман Андре Онана po само една година мината во Интер заминува од Милано.

Според италијанските и англиските медиуми, Манчестер Јунајтед и Интер се договориле за продажба на 27-годишниот фудбалер.

„Црвените ѓаволи“ за обештетување на сметката на клубот од Милано ќе уплатат околу 50.милиони евра.

Интер на тој начин направи одличен потег, бидејќи минатото лето го донесе Онана бесплатно од Ајакс.

Камерунецот имаше одлични настапи на голот на „Нероаѕурите“ со кој стигна до финалето во Лигата на шампоните.

Раководството на Интер веќе најде потенцијални замени за Онана. Прва опција е голманот на Баерн Минхен, Јан Зомер, а како втора се споменува Анатолиј Трубин од Шахтјор Доњецк.